top of page
Трактор.jpg

Како да земеш грант од 50% за конструкција за секундарно земјоделство, сточартво и  производство со

ИПАРД МЕРКА 3

Овде можеш да ги дознаеш сите детали а ќе имаш и опција да ангажираш консултант.

Фарма - Ипард.jpg
white-house-fruit-farm.jpg

ИПАРД Mерка 3

  • Неповратен грант од 50% за проекти во сектор на секундарно земјоделство, сточарство и во сектор производство.

За што може да се аплицира?

  • Преработка на млеко и млечни производи;

  • Преработка на месо и месни производи (вклучувајќи јајца и живина);

  • Преработка на овошје и зеленчук (вклучувајќи компир, печурки и легуминозни култури);

  • Преработка на житарици, мелнички производи и скроб;

  • Растителни и животински масти и масла;

  • Шира, вино и оцет;

  • Производство на енергија со преработка на примарна биомаса од растително и животинско потекло, со исклучок на биомаса од рибни производи.

Кои видови активности подлежат на грант?

  • Конструкција или реконструкција на згради и друг недвижен имот кој се користи за преработка и маркетинг на земјоделски производи, помошни простории, објекти кои придонесуваат кон заштита на животната средина или заштита при работа и потребната опрема.

  • Купување и/или инсталација на нови машини и опрема/инструменти за:

  • Сортирање, прибирање, складирање и разладување на собирните места;

  • Преработка, пакување, разладување, замрзнување, сушење итн. и складирање (вклучувајќи и манипулација);

  • Воведување на производство на нови производи, нови технологии и процеси;

  • Заштита на животната средина;

  • Производство на енергија од обновливи извори на енергија;

  • Подобрување и контрола на квалитет и безбедност на суровините и готовите производи.  

  • Купување на специјални транспортни резервари и приколки за транспорт на суровините вклучувајќи и транспорт на жив животни;

  • Купување и/или инсталирање нови машини и/или опрема за заштита на животната средина, вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија;

  • Развој и воспоставување на инфраструктура, на имот кој е во сопственост на претпријатието, со цел задоволување на потребите на производната активност на претпријатието.

Финансиски Рамки:

  • Вкупната инвестицијата за протектот не треба да е помала од 50.000 евра.

  • Максимална финансиска поддршка за еден проект може да изнесува 1.500.000 евра

  • Максимална финансиска поддршка на поединечен корисник може да изнесува 3.000.000 евра

  • Максималната финансиска поддршка за новоосновани прави лица што се доделува е 100.000 евра.

Како се искористува грантот од ИПАРД?

  • Начин број 1: Самостојно спроедување на комплексниот процес на аплицирање.

  • Начин број 2: Ангажирање на Консултант и Проект Менаџер

Која е нашата препорака?

  • Во ниту еден бизнис не се успева сам. За да го искористиш планираниот грант, ангажирај Консултант

Финансиска Интелигенција

Македонија Лого.jpg
bottom of page