АКО ИМАШ ИНОВАТИВНА ИДЕЈА, СЕГА Е МОМЕНТОТ ДА ЈА СПРОВЕДЕШ!
ЕВЕ КАКО:
Фондот за Иновации и Технолошки развој (ФИТР) објави повик за кофинансирање (неповратен грант) на стартап бизниси.
Сега за РЕАЛИЗИРАЊЕ на иновативна идеја - стартап бизниси (фирма до 6 години) и физички лица можат да аплицираат и земат неповратни средства 85-90% потребни за проектот.
Ако имаш идеја за бизнис која моментално не постои во Македонија, идеја која би била уникатна или би довела до технолошки развој на пазарот...
МОМЕНТОТ Е СЕГА!
Рокот до кој примаме апликанти за спроведување на консултантските услуги е до 31.03.2024!
Детален опис на УСЛОВИТЕ:
Цел и опис на инструментот за поддршка Да се поттикне развој на иновативност кај новооснованите трговски друштва преку обезбедување на неопходната финансиска поддршка за активности поврзани со истражување и развој. Дополнително, се очекува да се поттикне развој на културата на преземање на ризик и воведување иновации, да се обезбеди поддршка за правните лица кои сакаат да развијат нов или подобрен производ, процес, и/или услуга, како и да се поттикне комерцијализација на резултатите од истражувања спроведени во рамки на високообразовните односно научно-истражувачките установи. Поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти кои имаат најмалку „потврден концепт“ (proof of concept) и јасна амбиција за комерцијализација. Инструментот поддржува проекти кои се во фаза на потврден концепт до предкомерцијална (предпазарна) фаза.
Какви активности се поддржани - Активности за истражување и развој; - Развој на пилот линии/производ/и и/или услуга/и; - Активности за тестирање и валидација на нови и/или унапредени производи/услуги/процеси; - Активности за тестирање на пазарот и валидација на потенцијалните корисници; - Активности поврзани со заштита на интелектуална сопственост и - Дизајн.
Кој може да аплицира Да е трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија или тим кој се состои од најмногу 5 (пет) членови – физички лица; Во случај кога како апликант се јавува трговско друштво, истото треба да ги исполнува следните критериуми за подобност: - Годишните приходи на апликантот да не надминуваат 1.000.000 (еден милион) евра во денарска противвредност, според финансиските извештаи за претходните две фискални години; - Просечниот број на вработени да не надминува 250 вработени; - Од моментот на регистрирање на трговското друштво до моментот на поднесување на предлог проект во Фондот да не поминале повеќе од 6 (шест) години; - Трговското друштво да е во сопственост на физичко и/или правно лице (коe не е во државна сопственост),/ здружение или фондација и/или установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност (со сопственички удел во апликантот до 20%); - Апликантот или неговите содружници/акционери да не се посредно или непосредно сопственици на над 20% во друго/и трговско/и друштво/а чии поединечни годишни приходи надминуваат 1.000.000 (еден милион) евра во денарска противвредност во претходните две фискални години и чиј просечен поединечен број на вработени не надминува 250 вработени, освен во случај на поврзаност со високообразовна, односно научно-истражувачка установа; - Против него да не е поведена стечајна постапка или постапка на ликвидација; - Да има подмирени доспеани обврски по основ на јавни давачки и придонеси; - Против него да не се отпочнати постапки за присилно извршување на доспеани парични побарувања; Согласно Законот за контрола на државна помош и Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (de minimis) да ги исполнува следните услови: - Да нема акумулирано повеќе од 200.000 (двеста илјади) евра помош од мало значење за период од три фискални години, вклучувајќи го и побараниот износ на средства од Фондот; - Да нема аклумулирано повеќе од 100.000 (сто илјади) евра помош од мало значење за период од три фискални години, вклучувајќи го и побараниот износ на средства од Фондот, ако претпријатието е активно во секторот за патен сообраќај; - Да не е во потешкотии (претпријатие во потешкотии е претпријатие кое не е во можност да ги исполнува своите обврски од сопствените ресурси или со средства што може да ги добие од својот сопственик/акционерите или кредиторите, за да ги запре загубите, кои без надворешна интервенција од давателите на помош со сигурност ќе доведат до краткорочен и долгорочен престанок со работа на претпријатието) - Да не се занимава со производство на јаглен. Во случај кога како Апликант се јавува тим и чиј предлог проект ја поминал фазата на селекција, Апликантот е обврзан во рок од 30 календарски дена по прием на Известувањето за селекција на предлог проектот, да основа трговско друштво во кое како основачи ќе се јавуваат најмалку 51% од членовите на тимот, кое трговско друштво ќе ги преземе сите права и обврски во однос на спроведување на Проектот и кое ќе ги исполнува критериумите за подобност од овој член.
Поддржани трошоци за финансирање - Бруто плати со вклучени додатоци на плата дефинирани согласно Законот за работни односи (работа за празник, работа во недела, работа во смени, ноќна работа и др.) за лица кои се или ќе бидат вработени кај корисникот и директно учествуваат во реализација на проектот. Износите на бруто плати за вработените лица ангажирани на проектот треба да соодветствуваaт на воспоставените практики на корисникот пред почетокот на проектот, намалени за износот на потенцијална државна субвенција примена по основ на плата; - Набавка и/или изнајмување на опрема и потрошни материјали за истражување и развој; - Поддоговорни услуги за истражување и развој (пр. тестирање, лабораториски услуги и сл.); - Ангажирање на експерти/советници за истражување и развој; - Ангажирање на консултанти за потреби директно поврзани со резултатите на проектот (експертиза за иновациски менаџмент, финансиски менаџмент, мобилизација на средства, бизнис развој, маркетинг експретиза за тестирање на пазарот и валидација на потенцијалните корисници, правни работи, заштита на интелектуална сопственост и друго); - Подготовка и поднесување на пријава за патент, заштита на трговска марка и/или индустриски дизајн - Канцелариска и деловна поддршка (наем на деловен простор, режиски трошоци, банкарски провизии, сметководствени услуги, хостинг и останати видови на оперативни трошоци поврзани со реализација на проектот) во максимален износ од 15% од вкупниот буџет на проектот.
Износ на финансиска поддршка Преку овој инструмент Фондот за иновации и технолошки развој обезбедува финансиска поддршка: – до 90% (деведесет проценти) од вкупниот буџет на проект, но не повеќе од 40.000 (четириесет илјади) евра во денарска противвредност за трговски друштва до 3 (три) години постоење до моментот на аплицирање или за трговско друштво кое ќе се основа во рок од 30 дена по прием на Известување за селекција на предлог проект (во случај кога како апликант се јавува тим), односно – до 85% (осумдесет и пет проценти) од вкупниот буџет на проект, но не повеќе од 60.000 (шеесет илјади) евра во денарска противвредност за трговски друштва со над 3 (три), а помалку од 6 (шест) години постоење до моментот на аплицирање. Преостанатиот износ од 10% (десет проценти), односно 15% (петнаесет проценти) од вкупниот буџет за проект треба да биде обезбеден од страна на апликантот.
Времетраење на проектот - Времетраењето на проектот може да биде до 12 (дванаесет) месеци.
Вкупен буџет за јавниот конкурс - За финансирање проекти под овој конкурс обезбеден е вкупен буџет за јавниот конкурс од 2.000.000 (два милиони) евра во денарска противвредност.
Критериум за евалуација на предлог проектите - Степен на иновативност - Квалитет на проектот - Капацитет на проектниот тим - Потенцијал на пазаро0т - Влијание
Зошто да ангажирам Консултант?
Разговараме за државен грант. Зарем нема да се потрудат да ти најдат и најмала грешка за да те одбијат?
Периодот на одобрување може да трае до 12 месеци. Сигурен/на ли си дека можеш сам/а да извршиш мониторинг?
Знаеш ли да напишеш бизнис план кој е добар, апликативен и доволно иновативен?
Зарем не е мудро на располагање да имаш консултанти кои веќе претходните 3 години УСПЕШНО посредиле во висина од 20 милиона евра на МАКЕДОНСКИ фирми и физички лица за ГРАНТОВИ?
Можеш да продолжиш да анализираш, размилуваш, двоумиш или читаш услови...
Или можеш да...
Изборот е твој А МОМЕНТОТ Е СЕГА!